Киријос не запира да се глупира: Ролан Гарос е сра*е!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос не знае да престане со своите глупости, со кои привлекува внимание на навивачите. Минатата недела направи скандал во Рим, откако му се налути на судијата, па фрли и пластично столче на теренот, а потоа го напушти мечот, по што доби парична казна.

Сепак, на Кирјос очигледно не му дојде памет, па продолжи со контроверзите во јавност, а овојпат го критикуваше турнирот на кој ќе настапи, Ролан Гарос.

„Што се случува? Еве како тренирам со Енди Мареј. Мислам дека Вимблдон е најдобриот турнир во светот, погледнете ја оваа совршена тревна подлога. Тргнете го земјениот терен, луѓе. Кој сака земјен терен кога е толку лош. Ролан Гарос е сра*е во споредба со ова. Апсолутно сра*е“, вели Кирјос.