Кербер го освои Вимблдон: Серена не успеа да се израмни со Маргерет Корт

Анџелик Кербер стигна до својата прва титула на Вимблдон, откако денеска во големото финале ја совлада Серена Вилијамс со 6-3 и 6-3.

За Германката ова е трета грен слем титула во кариерата откако претходно во 2016 година ги освои трофеите на Австралија Опен и УС Опен. Вилијамс очигледно не беше доволно подготвена за едно вакво големо финале, па имаше дури 24 неизнудени грешки, наспроти петте на Кербер.

Вилијамс пропушти шанса да се израмни со Маргарет Корт како тенисерка со најмногу грен слем трофеи и засега останува на 23 титули.