Карловиќ синоќа испиша историја во тенисот (ФОТО)

Синоќа во Канада, 39-годишниот Иво Карловиќ стана најстариот тенисер во историјата, кој освоил АТП челенџер титули, откако како втор носител го победи Џордан Томпсон со 7-6 и 6-3.

Со седум челенџер титули, хрватскиот тенисер има и осум АТП титули, а последната ја освои пред две години во Мексико откако беше подобар од Фелисијано Лопез.

Триумфот во Канада му донесе и подобрување на пласманот на АТП-листата од 13 позиции, па сега 108. тенисер во светот.