Ивановски со најмангупски сервис ја запечати фуриозната победа (ВИДЕО)

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој денеска обезбеди осминафинале на јуниорскиот Вимблдон со брзопотезната победа за еден час против Родриго Пачеко Мендез, на најмангупски начин, со сервис под нозе ја завери победата на мечот.

Мајсторскиот потег на Ивановски дефинитивно ќе биде еден од најпотезите на јуниорскиот дел од најпрестижниот гренслем на светот.