Иванишевиќ: Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, а Федерер повеќе нема да освои трофеј!

Легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ за време на гостувањето на една ТВ-емисија говореше за големиот ривалитет меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роже Федерер.

Веќе со години трае ривалството меѓу Федерер, Надал и Ѓоковиќ, а според Хрватот, Новак е најдобриот тенисер на сите времиња.

Видете, тој е број еден. Штета сезонава што е прекината, иако се надевам дека не е целосно, но ќе видиме како одат работите. Новак започна неверојатно, 18 победи по ред. Ако ги додадеме овие три од минатата година, тоа е 21 победа во низа. Тој својата игра ја донесе на едно ниво на кое ретко кој може да му парира. Кога е во прашање ривалитетот со останатите, Новак е најдобар и тој е единствениот што може да триумфира на сите четири грен слем турнири во една календарска година. Мислам дека Надал ќе го сруши и рекордот на Федерер. За жал,  мислам дека Федерер повеќе нема да освои ниту еден грен слем, истакна Иванишевиќ.