Истомин ќе добие драстична казна поради срамниот потег во Москва (ВИДЕО)

Тенисерот кој во 2017. година направи вистинска сензација на Австралијан Опен и го елиминираше Новак Ѓоковиќ од турнирот, Денис Истомин е главна тема во светските медиуми по срамниот потег во дуелот од првото коло од натпреварувањето во Москва.

При водство на Ричардс Беранкис од 6-4, 5-4 и 40:0, Истомин го предаде натпреварот и така ги шокираше и противникот и сите присутни на трибините.

За да го загуби дуелот Истомин требаше само да не го врати топчето во следниот поен или било на каков друг начин да остави победникот да победи, но на крајот испадна некоректен.

Беранкис се подготвуваше да сервира за победа, кога Истомин се доближи до судијата и му кажа дека поради повреда не е во состојба да продолжи со натпреварот.

Таквиот потег предизвика голем број коментари на социјалните мрежи и обвинувања дека Истомин тоа го направил поради обложувалниците.

Доколку тоа е вистина, тогаш АТП може да го казни жестоко Истомин, зашто најчесто станува збор за поврзаност на играчот со обложувалничка мафија.

Турнирот во Москва и претходно беше сомнителен бидејќи неколкупати се случувале вакви работи, а дури и Енди Мареј имал изјава по пораз од Јанко Типсаревиќ пред 11 години, по што морал да објаснува што поточно мислел.

„Кога кажав дека сите знаат што се случува, мислев дека сите најверојатно имаат слушнато како тројца или четворица тенисери отворено зборуваат за тоа како им се понудени пари да загубат натпревари, но тоа го одбиле“, кажа тогаш Мареј.