И поради ова е голем: Ѓоковиќ му ги „бришеше“ солзите на расплаканиот Дел Потро! (ВИДЕО)

Без голема мака, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дојде до 14-тиот триумф на еден гренслем-турнир и тоа против Хуан-Мартин дел Потро во финалето на „Ју-Ес Опен“, по кое покажа дека не е само фантастичен спортист туку и дека е – голем човек.

Аргентинецот по загубената пресметка почна да плаче на своето столче на теренот, што беше знак за Србинот да дојде до него и го прегрна, упатувајќи му утешни зборови на својот голем пријател надвор од теренот.