Србин ѝ помогна да го освои Австралијан опен, па му даде - отказ!

Јапонската тенисерка Наоми Осака соопшти дека ја прекинала соработката со српскиот тренер Саша Бајин, кој ѝ помогна да го освои првиот гренслем во сезоната, Австралијан опен.

Осака ја објави оваа информација на Твитер и освен тоа што му се заблагодари на соработката, таа му посака и среќа во иднина, но не ја откри причината за прекинот на договорот.

Тие двајца соработуваа заедно повеќе од една година, а со него освои два трофеи на гренслем турнирите, меѓу кои Ју-Ес опен минатиот септември и Австралијан опен.

Со помош на 34-годишниот германски тренер, таа се искачи од 72. место на првата позиција.