Хрватски новинар го напиша најпрекрасниот текст за Ѓоковиќ и го - „запали“ регионот!

Епската игра и победата во вчерашното финале на Вимблдон против Роже Федерер во пет сета го направи Новак Ѓоковиќ во најомилена личност во светот во изминативе 24 часа, нешто што мораа да го признаат дури и Хрватите, кои традиционално се скептични кога станува збор за успеси остварени од српски спортисти.

Текстот на хрватски новинар објавен на Индекс во само неколку часа стана најсподелуваното четиво во регионот, а причина за тоа се пофалните зборови кои тој ги искажува на сметка на популарниот Ноле. Ниту вековната хрватско-српска омраза не можеше да ги спречи пофалните зборови на сметка на најдобриот светски тенисер во моментов.

„Новак е најдобар на сите времиња, мислев дека тоа никогаш јавно нема да го признаам“, напиша меѓу другото хрватскиот колега.

Во анализата која го освои регионот тој ги наведува сите причини поради кои Ѓоковиќ мора да се смета како најдобар во историјата на овој спорт, споредувајќи го со конкуренцијата, потенцирајќи ги меѓусебните дуели со нив, но и опишувајќи ја негова игра. Тој потенцира дека никој толку долго нема царувано и дека само е прашање на време кога ќе го достигне рекордот на Федерер по бројот на гренслем-титули.

Целиот текст на Индекс може да го прочитате на следниот линк.