Хрватска тенисерка е згрозена поради нејзината држава и сака да заигра за - Србија

Големо внимание во хрватската јавност привлече тенисерката Мариана Дражиќ, која не беше повикана да заигра за женската репрезентација, па затоа таа би можела да заигра за некој од соседните држави, меѓу кои е и Србија.

Дражиќ во интервју за медиумите кажа дека немало директен повик од Србија, но не би имала ништо против тоа да ги брани боите на српската репрезентација.

„Вистина е, има индиректни и директни понуди од земјите во регионот, но од Србија директно никој не ме прашал, иако немам ништо против да заиграм за нив, со оглед на своите ставови и поглед на светот. Јас не сум задоволна затоа што веќе две години ме игнорира селекторот на Хрватска и некои луѓе од сојуот. Исто така се повикуваат некои тенисерки кои немаат рејтинг, а нема место за мене на 16 години бев четири пати државна шампионка, не ми е јасно зошто ова се случува“, кажа Дражиќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Cheers to all good people(and aperol lovers) 😊🥂 #endofanotherseason🇩🇪 #clubmatches #aperolspritz

A post shared by Mariana Dražić 🧿 (@marianadrazic) on