Хрватска после 17 години има сигурен медал во тенис!

Хрватска после 17 години откако бронза во Атина во 2004 година освоија Иван Љубичиќ и Марио Анчиќ, има сигурен медал од олимписки турнир, откако две двојки на Хрватска обезбедија полуфинале, па со тоа загарантирана им е една бронза, а може да бидат и злато и сребро.

Хрватскиот пар Никола Меткиќ-Мате Павиќ, кои го освоија Вимблдон во дубл обезбедија полуфинале после триумфот над дублот Каи Нишикори/Бен Меклахлан со тирумфот со 6-3, 6-3 и сега ги чека полуфинална пресметка со американскиот дубл Кјајичек/Сандгрен.

Претходно Марин Чилиќ и Иван Додиг после вистинска драма победија во пресметката со Џои Салсбури-Енди Мареј, триумфирајќи со 4-6, 7-6, 10-7, па сега ги чека новозеландската двојка маркус Даниел/Мајкл Венус во битката за финале.

Ако двете хрватски двојки успеат да стигнат до финале, а со тоа да освојат злато и сребро, тоа би било првпат два дублови од иста земја да бидат прваци и вицепрваци уште од враќањето на тенисот како олимписки спорт во 1988 година во Сеул.