Хрватка во неверојатен натпревар ги помрдна границите на женскиот тенис (ФОТО)
Додека несекојдневните настапи се единствената постојана работа во светот на женскиот тенис, синоќешниот настап на Мрдежа ретко се гледа на кое било ниво во „белиот спорт“. Хрватката загуби од холанѓанката Лемоин со 6-1, 5-7, 7-6, откако направи дури 28 двојни грешки.
За среќа, првиот сервис колку - толку и функционираше (58% отсто на погоден сервис), додека вториот сервис и беше катастрофален. Мрдежа при вториот сервис само четири пати го погоди полето од 40 обиди, односно само 10 отсто.
Колку тенисерките беа несигурни на својот сервис доволно говори и податокот дека вкупно загубија 24 од 31 одигран свој сервис, а на натпреварот можеше да се забележат дури 40 можности за брејк.