Холивудска ѕвезда му честиташе на Ѓоковиќ: Ова е Спартааа! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ синоќа успеа да стигне до 14. Грен слем трофеј во кариерата, откако во финалето на Ју-Ес опен го победи Хуан Мартин дел Потро.

Најдобриот српски тенисер третпат го освои трофејот во Њујорк, па по вторпат прослави титула со холивудската ѕвезда, Џерард Батлер, и тоа со една реченица од филмот „300“.

Батлер се прослави преку улогата на крал на Спарта, а овојпат заедно со Ѓоковиќ решија заедно да извикаат – Ова е Спартааа!