Халеп до крајот на годината ќе остане на прво место на ВТА-листата!

Романската тенисерка Симона Халеп ќе ја заврши годината на првото место на ВТА-турнирот, објави таа организација.

Халеп постигна најголем успех во кариерата со триумф на Ролан Гарос и победата против Слоун Стивенс, а тоа и беше прва титула на грен-слем турнир.

До крајот на сезоната ќе помине вкупно 40 недели на врвот на ВТА-листата.

„Тоа што минатата сезона ја завршив на прво место беше голема чест за мене. Тоа што ќе го направам по вторпат годинава  ми дава чувство на големо достигнување, посебно поради тоа што го освоив својот прв грен-слем турнир“, кажа Халеп.