Хачанов немаше сила за сензација, Надал по четири сета избори осминафинале

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја оправда фаворитската улога против Русинот Карен Хачанов, откако го совлада со 3-1 во сетови, односно 6-3, 6-2, 3-6 и 6-1, па така избори осминафинале на Австралијан опен.

Надал ја искористи втората брејк топка во првиот сет, по што сервираше без проблеми до крајот за да стигне до 6-3, а нешто слично се случи и во вториот сет, кога Шпанецот со два брејка стигна до убедливи 6-2.

Хачанов за момент покажа дека може да му се спротистави на Надал, откако го освои третиот сет со 6-3, но тоа беше сè од Русинот, кој беше целосно декласираше во последниот сет со 1-6.

Претходно пласман во следното коло обезбедија Кецмановиќ, Монфилс, Беретини, Шаповалов, Карено-Буста и Зверев.