Гркот Циципас шокиран од Умбер во Токио

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас беше поразен во осминафиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) од Французинот Уго Умбер со 1-2 во сетови, односно 6-2, 6-7 и 2-6.

Циципас добро го почна мечот и го доби првиот сет со 6-2, но Умбер се врати во вториот сет со 7-6, по што се повреди грчкиот тенисер.

Гркот доби медицинска помош и го продолжи натпреварот, но не можеше ништо против Умбер, кој му дозволи на Циципас да освои само два гема во последниот сет и славеше со 6-2.

Умбер во четвртфинале ќе игра против Карен Качанов, кој беше подобар од Диего Шварцман.