Големи промени на гренслем-турнирите: Ќе биде ли вака понтересен тенисот?

Најголемите тениски турнири, четирите традиционални грен-слемови нема повеќе да имаат по 32 носители, туку двојно помалку по 16, решија организаторите на најзначајните турнири на состанокот по завршувањето на завршниот Мастерр во Лондон.

Уште во идната година, турнирите ќе се органзираат по стариот принцип, а новитетот почнува од 2019 година, па на Вимблдон, Австралија опен, УС-опен и Роланд Гарос ќе има само 16 носители кај тенисер(к)ите, што значи дека поголема шанса подобропласираните играчи порано од осминафиналето да се судрат меѓусебе.

Овој новитет не е нов, затоа што до 2001 година, на турнирите имаше по 16 носители, но потоа УС-опен го зголеми двојно нивниот број поради барањето на ТВ-станиците ѕвездите да одат што подалеку на турнирот, а сето тоа носи гледаност и многу пари од маркетинг.

Промена во правилата има и кај загревањето. Пред мечот, една минута ќе трае ждрепката за сервис, пет минути загревање, а една минута подготовка за дуелот. Кој нема да се придржува го чека казна од 20 илјадо долари.

Околу паричните нагрдаи, секој тенисер што ќе предаде меч во прво коло на гренслем-турнир, поради повреда или друга причина ќе добие само 50 отсто од паричната награда, а 50 отсто ќе завршат кај „среќниот губитник“, кој ќе го замени.

На Австралија опен веќе од идната година за првпат е има ново правило, а тоа е пауза од 25 секунди помеѓу поен, т.е. до нов сервис.