Голема победа за Пике и Ѓоковиќ - се менува Дејвис купот!

Дејвис купот, единственото признато репрезентативно натпреварување во машки тенис, ќе доживее голема промена во форматот.

Како што јавуваат светските медиуми, Дејвис купот веќе нема да се игра во текот на сезоната, туку на крајот од сезоната ќе се одржи турнир на кој ќе учестуваат 18 селекции.

За да се одобрат промените потребна беше согласност од две третини од нациите (од 140) и тоа токму и се случи, бидејќи дури 71 отсто гласаа за новиот формат.

ИТФ го предложи бизнис планот низ кој ќе треба да влезат околу три милијарди долари за 25 години, а истиот ќе треба да го финансира кинеската група Космос, која ја основаше Жерар Пике.

Покрај Пике и ИТФ, оваа информација сигурно го израдува и Новак Ѓоковиќ, кој веројатно бил меѓу најгласните за промена на системот. Ѓоковиќ во неколку наврати јавно нагласуваше дека е потребно да се менува Дејви купот, а сега тоа конечно ќе се случи.

Дејвис куп е натпреварување кое трае секоја сезона, поделено е во повеќе групи и зони, а во текот на натпреварите, репрезентациите се натпреваруваат во текот на викендите.

Меѓутоа, на многу тенисери ваквиот формат не им одговара, најмногу поради пренатрупааниот АТП календар и сега конечно ќе дојде до промени.