Гофан во Синсинати ќе го брка првиот Мастерс-трофеј

Белгискиот тенисер Давид Гофан се пласираше во финалето на Мастерсот во Синсинати со победата против Ришар Гаске во два сета, со 6-3 и 6-4.

Гофан го искористи заморот на ривалот, кој претходниот ден по голема борба во три сета го елиминираше Роберто Баутиста-Агут од Шпанија.

Во борбата за титулата Гофан за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.