„Го мразам тенисот, но кога можам да земам 60.000 евра веднаш доаѓам“

Еден од најконтроверзните тенисери, Беноа Пер привлече внимание со неговата изјава по поразот во првото коло на Вимблдон.

Пер стигна без тренинг на Вимблдон, по што беше поразен, но призна дека пристигнал во Лондон поради парите.

„Знаев дека е тешко, но исто така знаев дека ќе заработам повеќе пари и тоа е добро за мене“, кажа тенисерот.

Французинот призна дека парите се причина поради која игра на дел од турнирите.

„Искрено би играл на секој турнир, каде што ќе ми кажат дека ќе добијам најмалку 60.000 евра“, открива Пер.