Главниот судија во Рим ептен го изнервира Ѓоковиќ со три големи грешки (ВИДЕО)

Ѓоковиќ се избори за финале на Мастерсот во Рим, откако во полуфиналето го совлада Каспер Руд со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-3, но Србинот беше ептен нервозен во текот на натпреварот.

Главниот судија Адел Нур го налути српскиот тенисер, откако направи три ненамерни грешки, по што Ѓоковиќ мораше да го поправа.

Првата грешка се случи во важен момент, кога Руд сервираше за освојување на првиот сет, а тогаш неговиот сервис заврши во аут.

Втората ситуација се случи во првиот гем на вториот сет, кога уште едно топче на Руд заврши во аут, но главниот судија не го забележа тоа, по што Ѓоковиќ повторно збесна.

Веднаш потоа следеше и трета грешка на судијата Нур, откако еднаш топчето заврши во аут на Руд, а тој покажа дека е внатре.