Ѓорческа застана во четвртфинале во Шпанија поради повреда!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стигна до четвртфиналето на турнирот кој се играше во Манакор, Шпанија, откако мораше да го предаде натпреварот против Јуки Наито при резултат 6-4 за Јапонката.

Ѓорческа играше одлично против четвртата носителка на турнирот, но поради повреда го загуби првиот сет со 4-6, по што не можеше да го продолжи натпреварот и се предаде.

Македонската тенисерка имаше одличен старт на турнирот во Шпанија, каде што ги „исчисти“ Анастасија Детјук и Фернанда Контрерас со по 2-0 во сетови во првите две кола.