Ѓорческа запиша уште еден убедлив триумф во Белград, овој пат „настрада“ Турчинка

Најдобрата македонска тенисеркa, Лина Ѓорческа, забележа уште една убедлива победа на турнирот во Белград, откако овој пат ја совлада Турчинката Башак Ерајдин со 6-0, 6-2.

За македонската тенисерка ова беше петта победа на шесте натпревари на овој турнир.

Ѓорческа стигна до вториот триумф во втората фаза на турнирот, а следен противник ќе и биде Ивана Јоровиќ од Србија, меч кој ќе се одигра во четврток.