Ѓорческа забележа огромен скок на ранкинг-листата во конкуренција на двојки

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа напредок од 77 позиции во конкуренција на двојки, па сега се наоѓа на 333 место на најновата ранкинг-листа, откако славеше заедно со Анастасија Комардина на турнирот во Гецо, Шпанија.

Ѓорческа претходно запиша и големи успеси на турнирите во Есен и Минск, кадешто освои трофеи заедно со Комардина, па и тие помогнаа во големиот напредок на ранкинг-листата. Сепак, таа е далеку од нејзиниот најдобар пласман во двојки, односно 116 место.

Исто така, македонската тенисерка напредуваше во сингл-конкуренција за четири позиции, па сега се наоѓа на 377 место, откако стигна до осминафиналето во Шпанија.