Ѓорческа тргна фуриозно, но на крајот загуби во Шрусбери

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не се прослави на првиот меч на турнирот во Шрусбери, Англија, откако загуби од Амандин Хесе со  6-2, 3-6 и 1-6.

Ѓорческа тргна фуриозно во првиот сет, во кој успеа да направи два брејка на противничкиот сервис и да го освои со 6-2.

Во вториот сет играше многу лошо, па во еден момент имаше негатива од 0-3, но некако успеа да фати ритам и да се врати во игра 2-3, барем за момент бидејќи до крајот на сетот доминираше Французинката (6-3).

Нашата тенисерка целосно го загуби ритамот и темпото, а тоа можеше да се забележи и во третиот сет, каде што нејзината противничка успеа да направи дури три брејка и на крајот да го освои последниот сет со 6-1.