Ѓорческа експресно ја реши Наѓ во Унгарија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа тргна со победа во сингл-конкуренција на турнирот во Баја, Унгарија.

Ѓорческа играше фантастично во двата сета на мечот, а ѝ дозволи на противничката да освои само два гема, па славеше со убедливи 6-1 и 6-1.

Македонската тенисерка утре ќе игра против бугарската тенисерка Петја Аршинкова.