Ѓоковиќ мораше да се поклони: Зверев најмлад освојувач на завршниот мастерс

Александер Зверев е освојувач на завршниот мастерс турнир во Лондон откако го совлада Новак Ѓоковиќ во два сета со 6-4 и 6-3.

Германскиот тенисер стана најмладиот освојувач на завршниот мастерс турнир со 21 година и дојде до најголемата титула во кариерата. Тој стана првиот Германец што го освоил турнирот по Борис Бекер. 

Зверев комплетно ја заслужи титулата поради тоа што во полуфиналето ги победи Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.