Ѓоковиќ за малку ќе го повредеше ривалот со незгоден удар (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Алехандро Давидович Фокина во осминафиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) со 6-3 и 6-1

Фокина се обидуваше да се одбрани од нападите на Србинот, а за малку Ѓоковиќ можеше да го повреди неговиот ривал поради еден незгоден удар.

Шпанецот беше свесен дека ќе загуби еден поен и излезе само на мрежа за да го збуни Ѓоковиќ, кој испрати незгоден удар и за малку ќе го погодеше ривалот во неговата глава.