Ѓоковиќ возврати на критиките: Не дозволувајте бродот да потоне! (ФОТО)

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, изминатиов период претрпе остри критики од многумина, но овој пат им возврати на критичарите.

Откако турнирот во Задар предизвика неколку заразени тенисери и членовите на нивните семејства, започнаа бројни критики против организаторот Ѓоковиќ.

Многу луѓе од светот на тенисот и спортот воопшто сметаа дека Србинот се однесувал неодговорно поради организирањето на турнири во Белград и Задар, па затоа доби неколку исклучително тешки зборови.

Тој овој пат конечно проговори и ги цитираше зборовите на српскиот патријарх Павле.

Бродовите не тонат заради водата што ги опкружува, туку заради водата што влегува во нив. Не дозволувајте тоа што ве опкружува да влезе и да ве влече на дното, напиша Новак на својот Инстаграм-профил.

Потсетуваме, тој и неговата сопруга Јелена се заразени со вирусот Ковид-19 и во моментов се наоѓаат во изолација. Освен двајцата, по турнирите во Белград и Задар, се заразија Виктор Троицки и неговата бремена сопруга, Григор Димитров и неговиот тренер, фитнес тренерот на Ѓоковиќ, Борна Чориќ...