Ѓоковиќ во Рим се сретна со својот прв ривал од пред 23 години (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на социјалните мрежи сподели интересна фотографија. Во прв момент се чинеше дека тој е со некој него фан, но поранешниот светски рекет број 1 појасни дека тоа е неговиот прв противник на еден тениски турнир.

„Овој човек! Срѓан Новаковиќ ми беше противник на мојот прв меч во Белградскиот тениски клуб во 1995 година. Прекрасно беше повторно да се видам со него синоќа во Рим по цели 20 години“, напиша Ѓоковиќ.