Ѓоковиќ во Рим брка крај на петгодишното проклетство во дуелите со Надал!

Тениските вљубеници во целиот свет со нетрпение го очекуваат стартот на денешното финале на Мастерсот во Рим помеѓу две големи легенди, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, во кое српскиот тенисер брка крај на петгодишниот сушен период во пресметките со Шпанецот на земјена подлога.

Неговата последна победа над големиот ривал на неговата омилена подлога ја оствари веќе далечната 2016 година, а оттогаш сите дуели на земја завршија со триумф на шпанскиот тенисер. Надал води со 18-7 во дуелите на оваа подлога, додека вкупниот резултат во меѓусебните дуели е 29-27 во корист на Ѓоковиќ.

Традицијата е на страна на Надал и кога станува збор за средбите во Рим, каде што тој победи во пет од осумте пресметки со Србинот, а последен пат тоа беше во финалето во 2019 година.