Ѓоковиќ во драматичен меч загуби од Тим на турнирот во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби во второто коло од завршниот Мастерс во Лондон, откако не можеше да го пронајде „лекот“ за Доминик Тим, кој победи со 6-7, 6-3 и 7-6.

Ѓоковиќ го контролираше првиот сет, а во тај-брејкот стигна до водство и го освои со 7-6, но на почетокот на вториот сет како да исчезна од теренот.

Тим водеше со 3-0, а на крајот го освои сетот со 6-3, по што беше забележана голема борба во решавачкиот трет сет.

Ѓоковиќ го загуби својот сервис, но успеа да се врати, а при 5-5 очајно сервираше Србинот по што Тим направи брејк за 6-5, но српскиот тенисер повторно израмни на 6-6, а во тај-брејкот водеше со 3-0 и 4-1, но сепак загуби.

Сега го очекува дуел против Роџер Федерер во третото коло, кој ќе реши за патникот во полуфиналето на турнирот во Лондон.