Ѓоковиќ тргна лошо, па го згази Манарино

Новак Ѓоковиќ го совлада Адријан Манарино во три сета во второто коло на мастерс турнирот во Синсинати. 

Српскиот тенисер стартуваше доста бавно во мечот па го загуби првиот сет со 4-6. Во вториот и третиот сет се врати во старата препознатлива форма и го прегази противникот препуштајќи му само три гема (6-2 и 6-1).

Третиот носител на турнирот Александер Зверев доживеа сензационална елиминација од ветеранот Робин Хасе во три сета со 7-5, 4-6, 5-7.