Ѓоковиќ тргна фуриозно во Рим

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, славеше над Александар Долгополов во првото коло од Мастерсот во Римс о 2-0, по сетови 6-1 и 6-3 за помалку од еден час игра.

Новак на отворањето во Рим изгледаше како оној стариот, добар, вистински Новак Ѓоковиќ. Во натпревар во кој ветерот им правеше проблеми на двајцате тенисери, Ѓоковиќ во некои моменти потсети на своите добри игри, почна да црта по теренот, солидно сервираше и го контролираше натпреварот.

Ѓоковиќ осум пати играше финале во Рим, во половина од нив славеше, а лани загуби, но дефинитивно ова е турнир кој му лежи. Оваа победа многу ќе му значи и многу ќе влијае на неговата самодоверба.

Во следното коло Србинот ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Басилашвили и Балди.