Ѓоковиќ: Тенисот веќе не е спорт, стана тешка индустрија

Новак Ѓоковиќ доживеа уште еден пекол на теренот, но не од страна на противникот, туку од временските услови.

Во Австралија моментно е летен период, и тоа натпросечно топол, па така живата во термометрите секојдневно доста 40 степени Целзјусови. По целиот континент природата се бори со горештините, шумите горат и луѓето и животните губат глави поради оганот, гушење или жед.

Тоа сепак не е доволно предупредување до организаторите на Австралијан опен кои ја продолжуваат ова луда политика, па СРбинот по победата над Гаел Монфис во второто коло, кажа неколку збора на оваа тема.

„Условите беа брутални, имавме и јас и Гаел големи проблеми. Ова стана повеќе индустрија отколку спорт. Понекогаш, како денеска, тоа ми пречи, но секако дека сум благодарен за финансиската компензација. Од друга страна, најважно ми е здравјето и што ќе биде со нас кога ќе ја завршиме кариерата. Луѓето мора да сфатат низ што минуваат тенисерите, а нема индикации дека нешто ќе се смени во догледно време. Само се додаваат турнири, официјални и неофицијални натпревари, турнири...“, изјави Новак.