Ѓоковиќ стартуваше со победа на завршниот мастерс во Лондон

Новак Ѓоковиќ како фаворит број 1 стартуваше со триумф на завршниот мастерс турнир во Лондон. Српскиот тенисер во два сета со 6-4 и 6-3 го совлада Џон Изнер.

Ѓоковиќ во првиот направи еден брејк доволен за да победи со 6-4, додека во вториот сет Изнер добро се држеше до резултат 3-3 во гемови. Потоа Србинот освои три гема по ред, од кои два на сервис на противникот за конечна победа и први бодови во групата А.

Во истата група денеска победа оствари и Александар Зверев, кој во два сета беше подобар од Марин Чилиќ. Утре на програмата се дуелите од второто коло во Групата Б, а Кевин Андерсон игра против Нишикори, додека Роџер Федерер се среќава со Доминик Тим.