Ѓоковиќ со совршен сервис декласираше Јапонец за пласман во осминафинале

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа се пласираше во осминафиналето на Австралијан опен, откако го победи Јапонецот Јошихита Нишиока со 3-0 по сетови, односно 6-3, 6-2 и 6-2 за малку од час и половина.

Ѓоковиќ доминираше од самиот почеток на натпреварот и заслужено се најде меѓу 16 најдобри тенисери на првиот гренслем-турнир во сезоната.

Србинот сервираше одлично во текот на мечот и го држеше високото ниво на добар прв сервис и освоени поени на истиот. Имаше дури 43 од 46 освоени поени кога ќе сервираше добро на прв сервис.

Нареден ривал ќе му биде Диего Шварцман, кој го победи Душан Лајовиќ со 6-2, 6-3 и 7-6.