Ѓоковиќ рутински ја почна одбраната на титулата на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ немаше никакви проблеми во првата рунда на Ролан Гарос и во три сета го совлада Јошихито Нишиока. 

Јапонецот имаше сили само во првиот сет, но и тој го загуби со 6-3. Во продолжението светскиот рекет број 1 покажа дека е неколку класи над својот ривал и славеше со 6-1 и 6-0 за рутински старт на одбраната на титулата освоена лани во Париз. 

Следен ривал на Ѓоковиќ ќе биде победникот од пресметката помеѓу Алекс Молчан и Федерико Корија, што се игра утре.