Ѓоковиќ со порака до Халеп: Добро е кога малите земји прават успеси на големата сцена (ВИДЕО)

Како што налага традицијата, до која Англичаните особено се придржуваат, следуваше и свечената церемонија во чест на победниците на грен слем турнирот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп.

За Србинот ова беше петти триумф на турнирот во Лондон, за Ропманката ова прв грен слем трофеј во кариерата.

Ѓоковиќ не ја пропушти можноста да ја пофали својата колешка, кој до титулата дојде по убедливата победа над Серена Вилијамс.

Симона има борбен дух и искуство и убаво е чувството осовено поради фактот дека Романија и Србија се мали земји, а имаат успеси на големата сцена, изјави Ѓоковиќ.