Ѓоковиќ со настапот на Ролан Гарос ќе постави нов рекорд

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе постави нво рекорд на стартот на Ролан Гарос, и тоа вечерва на натпреварот против Џовани Мпетши-Перикард.

Ѓоковиќ ќе го има настапот на 82. гренслем-турнир во кариерата, со што ќе ги надмине Роџер Федерер и Фелисијано Лопез, кои досега го делеа рекордот со 81 настап на големите турнири.

Србинот досега три пати во кариерата го освои Ролан Гарос, и тоа во 2016, 2021 и 2023 година.

Фото: Instagram/djokernole