Ѓоковиќ слатко се изнасмеа на виц со Надал и Федерер во кој тој е – херојот (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ, деновиве наместо да биде битка за 21-та гренслем-титула во кариерата на Австралија опен, се шета по Балканот откако беше депортиран зашто не е вакциниран.

По периодот минат во Белград, тој замина за Црна Гора, каде што прво беше во Тиват, па во манастирот во Острог, за да заврши на Жабљак, каде што наиде на комичарот Јован Радуловиќ. Тоа беше можност за заедничка снимка, во која се гледа како Црногорецот му кажува виц за Надал и Федерер, во кој тој на крајот излегува како херој, на што ептен слатко се изнасмеа.

За време на прошетката, Ѓоковиќ постојано следи што се случува во Мелбурн и се надева дека победник на крајот нема да биде Данил Медведев ниту Алксандер Зверев, со оглед што ако било кој од овој двоец го крене победничкиот пехар, тоа ќе значи и крај на владеењето на Србинот на врвот од АТП-листата.