Ѓоковиќ шутираше што ќе му дојде од гнев дека ќе загуби од Хрватска (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно имаше напад на бес вечерва во мечот во двојки во Дејвис-купот, откако со Филип Крајиновиќ не можеа ништо против најдобриот пар, Хрватите, Меткиќ-Павиќ, па шутираше што ќе му дојде при нога пред крајот на мечот.

Српскиот дубл загуби со 0-2 во сетови за 73 минути и со тоа Хрватска стигна до втора победа за пласман во финалето во Дејвис-купот, а Ѓоковиќ беше буквално немоќен во пресметката во дубл против најдобриот пар.