Ѓоковиќ шокиран од зборовите на Мареј: Тажно е ова што му се случува...

Енди Мареј утрово ја шокираше светската јавност, откако во солзи кажа дека постои можност да се повлече од тенисот по Австралијан Опен.

Причината е повредата на колкот, која го мачи во последните две години и поради која речиси и да не игра, а по неговата изјава, се огласија и Рафаел Надал, но и Новак Ѓоковиќ.

„Тоа е шокантно, зашто сме иста генерација. Тажно е да се види низ што поминува. Како некој кој поминал низ тешка повреда на лакт во последните години, го разбирам низ што поминува. Тренирав со него пред неколку дена и зборувавме малку. Мареј е голем шампион. Тажно е тоа што можеби сега ќе го одигра последниот Австралијан Опен. Му посакувам само најдобро и благодарен сум му за многу работи во животот“, кажа Ѓоковиќ.