Ѓоковиќ се жали на распоредот: Не барам алиби за поразот, но преморен бев!

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ги критикуваше организаторите на Мастерсот во Рим поради распоредот на натпреварите.

Ѓоковиќ во петокот околу 21 часот го заврши четвртфиналето со Кеи Нишикори, а на терен против Рафаел Надал мораше да излезе во сабота од 14:30.

Иако имаше помалку од 18 часа да се опорави за дербито со големиот ривал, пружи голем отпор и покажа дека полека се враќа каде што му е местото.

„Не сакам да испадне дека се жалам и дека поради лошиот распоред го загубив натпреварот. Но, вчера го завршив натпреварот навечер и денеска на терен морав да излезам доста рано. Тоа имаше големо влијание“, изјави Ѓоковиќ по поразот.

Тој истакна дека вакви нешта не треба да се случуваат на големите турнири.

„Никој никогаш во кариерата не ме прашал што мислам, што е најдобро да се прави кога се склопува распоредот. Ова не е фер и ќе мора да обратиме внимание на следниот состанок на Сојузот на играчите“, додаде Новак.