Ѓоковиќ се сети на првиот меч во кариерата, па откри: Многу плачев додека бев дете!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ зборуваше со Вашек Поспишил и откри дека плачел многу често додека бил млад.

Ѓоковиќ најпрво се сети на првиот турнир, кога имал само осум години. Тој успеал да победи на своето деби и тоа по тај-брејк, по што следел пораз од Виктор Троицки, а Ноле плачел на двата натпревари.

„Се сеќавам на првиот турнир кој го одиграв во животот, имав само осум години, а победив на мечот по тај-брејк со 10-8. Бев исполнет со среќа и многу изморен. Мајка ми ме прегрна, а мене почнаа да ми течат солзи. Следниот ден загубив од Троицки со 0-9, па повторно се расплакав. Многу плачев додека бев дете“, открива Ѓоковиќ.

Поспишил го интересираше што си купил најдобриот светски тенисер од првата плата.

„Дрес“, беше одговорот на Ноле.