Ѓоковиќ се разочара и му испрати порака на Сампрас (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на 14. грен слем титула во кариерата имаше порака за легендарниот Пит Сампрас, поради кого почна да тренира.

Ѓоковиќ со триумфот на Ју-Ес опен го израмни рекордот на Сампрас по број на освоени грен слем титули, а по завршувањето на натпреварот доби шанса и да му испрати порака.

Сепак, можеше да се почуствува дека Србинот е разочаран затоа што Сампрас не беше присутен на трибините на дуелот на Ѓоковиќ.

„Се надевав дека ќе биде тука вечерва, но за жал не е. Сакам да му кажам – Пит, те сакам, се надевам дека ќе се видиме наскоро на теренот“, изјави Ѓоковиќ.