Ѓоковиќ се повлече од турнир кој го освојуваше четири пати во кариерата!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да се повлече од мастерсот во Торонто, каде што во кариерата успеа да освои четири шампионски титули.

Организаторите на турнирот соопштија дека шампионот од 2007, 2011, 2012 и 2016 година решил да одмори и да не се појави на натпреварувањето во Канада.

Турнирот е закажан од 27 јули до 7 август, а Србинот најверојатно сака да одмори пред Ју-Ес Опен, каде што ќе ја брка 25. гренслем-титула.