Ѓоковиќ откри каква е состојбата со неговото рамо и дали ќе се врати на теренот!

Најдобриот светски тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ има проблем со рамото поради кое го предаде мечот со Станислас Вавринка на САД-опен и првите информации беа дека за него сезоната е завршена зашто ќе мора да оди на операција.

Ѓоковиќ после речиси десет дена се јави на социјалните мрежи за да најави каква е состојбата на неговото рамо, но барем привично сподели добра вест дека во моментов се рехабилитира и дека верува оти ќе биде подготвен за следниот турнир во Токио.

„Ви благодарам на сите за поддршката и за интересот за мојата состојба со рамото. Во моментов сум во процес на рехабилитација и се надевам дека ќе бидам подготвен веќе за следниот турнир во Токио. Секако ќе се јавам со нови вести. Ви благодарам уште еднаш“, објави Ѓоковиќ.

Турнирот во јапонската престолнина е на програмата на 30 септември, а после откажувањето од САД-опен и победата на Рафаел Надал на последниот годинешен гренслем-турнир, Србинот сега е на чекор и да го загуби првото место на АТП-листата, зашто Шпанецот му се приближи на само 600 поени.