Ѓоковиќ се измачи против Делбонис во Мајами

Новак Ѓоковиќ се пласираше меѓу најдобрите 16 во Мајами, откако го победи 83. тенисер на АТП-листата, Федерико Делбонис од Аргентина со 2-1 во сетови, односно 7-5, 4-6 и 6-1.

Ѓоковиќ полека ја креваше формата и се подготвуваше за турнирите на земја, а во продолжение од натпреварувањето го очекува дуел со Роберто Баутиста Агут.

Србинот одигра променливо во мечот, па имаше многу падови во играта, зашто при 5-2 во првиот сет, му дозволи на противникот да стигне до 5-5, но се спаси и го освои сетот со 7-5.

Вториот сет беше за заборав, зашто Аргентинецот одигра фантастично и го освои сетот со 6-4. Но, сите дилеми беа решени во третиот сет, кога Ѓоковиќ во четвртиот гем направи брејк, а потоа уште еден за 6-1.