Ѓоковиќ по Вимблдон го чека пауза од 11 месеци!?

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го одигра првиот меч на Вимблдон и успеа да слави, но за жал по настапот во Лондон постои можност за пауза од 11 месеци од гренслем-турнирите.

Ѓоковиќ би можел да чека за следен настап на најголемите турнири до Ролан Гарос следната година бидејќи во моментов не може да игра на Ју-Ес опен поради правилата за ковид-19, а идентична е ситуацијата во Австралија, каде што на почетокот на годинава доживеа голема драма.

„Свесен сум дека може да паузирам 11 месеци, па поради тоа ќе се потрудам да го извлечам максимуимот од овој турнир. Ќе видиме што ќе се случи на крајот, нема премногу време меѓу Вимблдон и Ју-Ес опен, а јас се надевам дека нешто ќе се промени до следниот турнир“, вели Ѓоковиќ.